ЕКСКЛУЗИВНО – БОДИГАРДИТЕ НА ГРУЈО ГО ТЕРОРИЗИРААТ СОПИШТЕ: Груевски дебело ги потплаќа своите бодигарди со вработување на нивните комплетни фамилии и плус замижување за разни криминали за да го чуваат од народот!!!

0
3370

Добивме писмо во редакција од жител на Сопиште и член на ВМРО ДПМНЕ со следнава содржина:

ТЕРОР ВО СОПИШТЕ ОД БРАЌАТА ВЕРНИ СОРАБОТНИЦИ НА ГРУЕВСКИ!

Утка, е човек кој и е добро познат на јавноста од актуелните бомби на Заев како криминалец вработен во МВР и како човек кој и служи на партијата на власт за реализација на противзаконски дејствија. Како што можеше да се чуе во бомбите, тој е личен штитеник на Мартин Протоѓер и истиот го ангажира Утка за изборите во Охрид со цел тој физички да се пресмета со неистомислениците на ВМРО ДПМНЕ.

Меѓутоа, тој не само што има фалц -диплома за завршено средно образование, тој има и е вклучен во многу црни бизниси. Тој порано беше дел од обезбедувањето на Гордана Јанкуловска, но истата го избрка поради малверзации со автоделови на возилата на МВР. Утка заедно со неговиот брат, на жителите од Сопиште им вршеле притисок и им се заканувале по фамилиите за насилно да им земат дел од земјиштето и истото да го продаваат.

Исто така, Утка беше вмешан и во аферата со нафтата и шверцот на истата при што една цистерна била негова и работела исклучиво за него и брат му. Истиот е познат како главен организатор за недозволен транспорт на дрва од околните села во близина на Сопиште и доколку некој не сака да плати за дрвата тогаш истите со закани му се одзимале. Сите прљави бизниси ги прави Утка по наредба на неговиот брат кој беше возач на Никола Груевски, а по заминувањето на Дејан Митревски – Урко тој станува прв човек на целото обезбедување.

Тогаш почнува и таму да прави свој ланец на луѓе и да си вработува луѓе од надвор а, сите кој што не играат по неговите прљави игри да им се заканува дека ќе бидат сменети иако тие се полицајци со долгогодишно работно искуство. Исто така, во нивната фамилија не е исклучен и нивниот татко за кого имаше афера дека е вмешан во земањето и исчезнувањето на парите од црквата во Сопиште (околу 180,000 евра) и аферата со црковното земјиште што се случи пред неколку години. Утка заедно со брат му на Утка имаат направено две згради во Сопиште за кои се уште немаат технички прием поради тоа што нема градски одвод. Меѓутоа, братот на Утка како прв човек кај Никола Груевски со негова помош ќе им овозможи приклучок на градската мрежа (и тоа е веќе во тек).

Шурата на братот на Утка, работи и е на видна позиција во „Порше – Македонија”, па така братот на Утка како близок човек на Никола Груевски му овозможува да го врши сервисирањето на возилата од МВР (фиктивно сервисирање) а, воедно и да се реализира набавка на партиски возила за кои е одговорен лично братот на Утка. Од сето тоа братот на Утка и неговиот шура земаат висок процент, но ова не завршува тука, братот на Утка заедно со шурата земаат возила Шкода-Октавија кои биле под лизинг и поради неможност од редовно плаќање на ратите истите се одземени од сопствениците, па шурата на Утка ги добива по ниски цени и ги препродава со голема заработувачка, а дел од овие возила можат да се видат и во неговиот двор.

Sv.Mino-vo-Sopiste

Братот на Утка има стара куќа во с. Сопиште, но сега живее во ново направената куќа исто така во с. Сопиште која е направена со притисоци, закани и уцени врз бизнисмени и граѓани, за кои се знае дека братот на Утка им вршел услуги злоупотребувајќи ја својата положба како возач на премиер. Исто така, братот на Утка има добиено и службен стан во населба Ново Лисиче (кој постои можност веќе да е приватизиран), а истиот му е даден лично од Никола Груевски и неговите блиски соработници, директори и функционери.

Инаку, братот на Утка нема имот на негово име, ама има на цела негова блиска фамилија која во овие 8 години ја вработил по партиските и државни институции. „Во знак на благодарност“ поради вработувањето истиот си дава за право да не користи како амали, измеќари и слуги за негови и потреби на неговата блиска фамилија, уценувајќи не дека ако не го слушаме што ќе ни кажел да правиме ќе не избрка од работа нас, а нашите деца ќе ги исфрлел на улица. Сето ова го прави повикувајќи се на Претседателот на партијата и тогашниот премиер. Покрај тоа што преку Никола Груевски ја вработил цела негова поширока фамилија, поради леснотијата при вработување почнал и да профитира преку вработувања на познаници и пријатели за одредена сума на пари и против услуги.

Поради последните случувања со Утка со фалц – дипломата и фактот дека тој ќе остане без работа, брат му преку Никола Груевски ја запослува неговата внука односно ќерката на Утка во АД Мепсо непосредно пред да излезе во етер објавата и сознанието за неговата фалц- диплома, поточно во февруари 2016 година и истата заради „заслугите“ на нејзините татко и чичко е наградена со плата поголема од 30.000 денари. Брат му на Утка исто така, пред неколку години ја има вработено и неговата снаа, сопругата на Утка во генерален секретаријат на Влада и тоа повторно преку НИКОЛА ГРУЕВСКИ.

НИКОЛА ГРУЕВСКИ ги одобрува криминалите на Утка и неговиот брат што се прават во неговата непосредна близина, па дури и им помага при остварување на нивните цели или пак можеби и тој зема процент за истото.

Утка се спомнува и на снимките на Заев кога Мартин збира екипа на бaраби за да тепа по Охрид:

15.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

ГЈ: Да. Ало.
МП: Горде, како си?
ГЈ: Кажи Мартин, добро.
МП: Види, вчера имавме ние една мала акција овде у…собрани се тројца коишто за Ацо делеа пари и така. Под ова оградата, напад на овластено лице и така и сеа они имаат претставка до внатрешна контрола пратено.
ГЈ: Добро.
МП: Така да, да си у тек дека е тоа координирано све.
ГЈ: Абе види, ја ти кажав. Мислам, дај Боже да победиме во Охрид, ама со таа банда таму, мислам овие, твојава банда, нема лезет у таа работа. Ништо нема да им се случи, не се секирај, ама кај ги одбра бе Мартин најголемите багабонти у МВР.
МП: Најдобрите дечки се.
ГЈ: Абе ајде, Утка кога ти е соработник, до кое дереџе сме стасале, ама нема проблем за ова.
МП: Ајде. Тоа е.
ГЈ: Пријатно.
МП: Чао.