ЕКСКЛУЗИВНО : Бихаќка под ВИСТИНСКА “ОПСАДА” – Последните неколку денови лихвари, бизнисмени,пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, поранешни функционери на СДСМ бараат прием кај Заев , едни ЗА ДА ЗГРАПЧАТ ДЕЛ ОД КОЛАЧОТ и функции а други ЗА ДА СЕ СПАСАТ ОД ШРАПНЕЛИТЕ НА ПРАВДАТА!

0
10256

Радмила Шекеринска како и лидерот на СДСМ Зоран Заев последниве неколку денови се под вистинска опсада од луѓе блиски на Груевски и Мијалков поради последните шрапнели кои ги зафатија Прилеп и Битола во општ обид да не се објавуваат нивните снимени телефонски разговори. Но исто така се под опсада и од поранешни функционери на СДСМ кој за време на крварењето од страна на луѓето најблиски од опкружувањето на идниот мандатар и лидер на СДСМ Зоран Заев

Дека се работи за вистинска окупација врз седиштето на СДСМ во Бихаќка говори фактот што огромен број на луѓе блиски на Мијалков побарале по којзнае кој пат прием кај заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и претседателот Зоран Заев, прием барале луѓе вработени во институциите на државата како и од сите свери на државата како што се оџи, попови, бизнисмени од бизнис комората на Македонија, членови на обезбедување од ВМРО-ДПМНЕ,  како и ректори на познати и високо рангирани универзитети во Македонија а и луѓе од македонската естрада.ZaevCentralenOdbor1_1

Дознаваме дека лидерството на СДСМ немале милост кон никого и ги одбивале сите молби и лелеци. Особено малтретирани со молби биле заедничките пријатели на двете страни, роднини кои биле блиски до СДСМ, се користеле сите можни механизми и техники да се измоли да бидат поштедени и спасени од она што ќе им се случи овие денови по Велигденските празници.

Откако СДСМ веднаш по Велигденските празници да објави се што има од политичките бомби, многумина од “окупацијата” врз Заев и Бихаќка се веќе посрамени на јавната сцена за злосторствата кои ги правеле, сите криминали, престапи и грешки и мешетарења со цел напредок во кариера и придобивање на материјален бенефит.

Редакцијата на ,,Народен Глас” исто така дознава дека овие денови телефонот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев звонел нон стоп, каде сите овие барале средба со него во седиштето на СДСМ на Бихачка!

Сите позначајни бизнисмени и олигарси ги пратиле своите шофери да чекаат редица во фоајето на Бихачка и да молат за прием за своите шефови.

Сите се самопредлагале за градоначалници, директори, амбасадори, министри, потсекретари, судии, обвинители, уредници во МТВ…

Најинтересни биле довчерашните слуги на режимот кои почнале да се јавуваат и да праќаат смс пораки со честитки, почнале конечно да го критикуваат Груевски, значи се охрабриле кога е тој далеку од Илинденска ББ…

Буквално немало место каде да се седне на Бихачка, и интересно е што вистинските борци ги немало овие денови на Бихачка, си седеле дома и чекале повик за да бидат поканети да преземат одговорност во некоја од институциите…

Во налет сега биле паразитите кои биле веќе на функција и се плашеле дека ќе изгубат фотеља а земале кредити имале долгови дури и уплатиле да идат летово на одмор…

Особено агресивни биле бизнисмените на кои им гори под нозете. Дознаваме дека Ѕинго и Meханџиски со Силјан се отепале од вртење за да го добијат Заев и притоа користеле разни канали да дојдат до Заев, разни Бранковисти, разни лични и роднински пријателства, стари другари од 90тите кога Силјан Мицевски и Ѕинго беа со СДСМ, но засега тешко им одело…