ЕКСКЛУЗИВНА ФОТО ГАЛЕРИЈА: Стевчо Муња кога не организира контра-протести за одбрана на режимот се занимава со МАСАКРИРАЊЕ на зелените површини во Карпош, на ред дојде паркот наспроти Веро во Тавталиџе!

0
1200

Стевче Муња продолжува со масакарот на зелените површини во општина Карпош. Загрижена мајка, жител на Карпош, ни испрати неколку фотографии од паркот наспроти Веро во Тафталиџе, на кои може да се види како се вршат подготовски за отпочнување на градежен зафат. Не постојат никакви информации за што станува збор.

Ви пренесуваме што ни напиша начата читателка:

Денес е оградена парцела во должина од 200 метри во новиот парк спроти Веро во Тафталиџе. Нема табла со информации за каков градежен зафат се работи, но на оградата испечатено е логото на градежната фирма Бортас. Со оглед на тоа што нема табла со детали за објектот кој се гради, ниту пак за инвеститорот и бројот на градежната дозвола ова предизвика загриженост кај редовните посетители на паркот.

Загрижена мајка на деца на кои им го крадат и градат паркот.

park vero 4 park vero 2 park vero 3