Економските мерки на СДСМ даваат резултати, просечната плата за три години пораснала за скоро 4.500 денари

0
492

Соопштение за јавност

Економските политики кои во интерес на граѓаните ги реализира СДСМ и во време на пандемија и економска криза обезбедуваат континуиран раст на просечната плата во Република Северна Македонија.

Просечната плата во декември 2020 година изнесуваше 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година.

Просечната плата за три години, од декември 2017 до декември 2020 година, порасна за 18,63 отсто односно за речиси 4.500 денари од 23.850 на 29.294 денари.

Овој раст е три пати поголем во однос на периодот од 2014 со 2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, односно за 1.443 денари.

СДСМ се грижи за граѓаните, веднаш по преземањето на мандатот ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат подобар животен стандард и брз економски раст, кои градат силна, стабилна и развојна економија.