ЕКЗКЛУЗИВНО: Чавков до СДСМ – За ништо не сум виновен, МВР ја управува Анастасиа Илиеска а зад неа стојат лично Груевски и Мијалков!

0
14739

Чавков изгледа овие денови живее под притисок па на сите страни па неофицијално дознаваме дека ги информирал СДСМ дека тој за ништо не е виновен што се случува во МВР и дека се што прави го прави под притисок на државната секретарка Анастасиа Илиеска.

Чавков ги брифирал СДСМ дека Анастасиа Илиеска е главна во МВР и е со директна релација со Груевски и Мијалков. Тој исто додал дека зад Анастасиа Илиеска се кријат и Гордана Јанкуловска но и Миле Јанакиевски.

Се што правел Чавков и директорот на УБК се правело по налог на Илиеска која сите наредби ги добива од штабот на Вмро-Дпмне,Груевски и Мијалков. Чавков ова отворено го раскажувал на сите функционери на СДСМ и дека сакал да даде скоро оставка но го чекал правиот момент.

Вмро-Дпмне го задолжиле само да биде оперативец во МВР кои ќе ги контролира секторите заедно со директорот на УБК и директно ќе биде поврзан со Основното Јавно Обвинителство и со Илиеска.