ЕКЗКЛУЗИВА НА МЕТА: Во ноември избори, а во август проверка дали се исполнети условите и договореното, на маса е и предлог за формирање специјалното судско одделение и специјален оддел во МВР

0
1231

Избори во ноември, но со претходна проверка во август дали се исполнети условите и сите забелешки од преговорите  – е можно решение, дознава „Мета“ од преговарачките тимови на политичките партии.  По денешните неколкучасовни преговори помеѓу Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ,  Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, постои извесен оптимизам кај сите учесници во разговорите.

Според извори на „Мета“, постигнат е и благ напредок околу избирачкиот список и реформите во медиумите.

Повторно во игра е, велат изворите на „Мета“, опцијата оние 40.000 граѓани кои не беа најдени на посочените адреси при теренската проверка, сами да се пријават во Државната изборна комисија (ДИК). Доколку во одреден рок не го сторат тоа, тие би биле избришани од избирачкиот список.

Во разговорите за реформите во медиумите, исто така, има мал напредок, со дебата околу нови предлози.

Како што се дознава, на маса е и предлог за формирање специјалното судско одделение и специјален оддел во МВР за потребите на Специјалното јавно обвинителство.