ЕЕЕЈ КАКВИ ЛУЃЕ НИ БЕА МИНИСТРИ ЧОВЕЧЕ: Екс министерот Диме Спасов баталил политика – отворил ресторан во Шпанија?!

0
1383

Неколку функционери од владата на Груевски ја напуштија политиката и станаа угостители. Директорот на МЕПСО и долгогодшен претседавач на Општина Центар покрај луксузниот хотел Солун на улица Македонија, неодамна, како што објавија медиумите отворил и хотел во Трст, Италија.

Со хотелиерство реши да се занимава и бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков. Хотелот Мериот на скопскиот плоштад кој е од ланецот на познатиот светски бренд хотели е во негова сопственост по поделбата на заедничките бизниси со Камчев.

Според пријатели на екс министерот Диме Спасов, тој наводно е газда на ресторан во Шпанија. Зетот на комунистичкиот лидер Лазар Колишевски во владата на Груевски беше министер за труд и социјала.

Тој беше актуелен по скандалот кога како министер во вечерните часови бегаше од Алфите со возило во кое беше со девојка за која медиумите објавуваа дека му била „пријателка“.

Според МВР, тој возејќи службено возило на Агенцијата за вработување удрил во две возила едноподруго, избегал по обата судири и бегајќи бил запрен од полициска патрола, потоа избегал додека траел увидот и ја оставил сопатничката, а час подоцна на местото на настанот дошол друг човек кој тврдел дека тој возел, но не знаел што точно се случило и полицијата не му верувала. Дел од провладините медиуми повикувајќи се на партиски извори, тврдеа дека Спасов всушност бегал од група криминалци од албанско потекло од скопска Серава, кои го бркале и му го попречувале патот, па така ги предизвикал двете сообраќајки.

Случајот беше забошотен но беше приметливо дека по скандалот исчезна од јавноста и беше дистанциран од тогаш владејачката партија и тогашниот премиер Никола Груевски. Најверојатно тоа му беше партиска казна но немаше друга истрага и казна за инцидентот за кој медиумите пишуваа со денови.

Сега Диме, велат негови блиски, си е газда на свој ресторан во сончевата Шпанија а успеа и да го сочува бракот со внуката на Колишевски. Спасов беше еден од најмладите министри во владата на Груевски и истакнат член во редовите на тогаш владејачката партија.