ЕДНИ ОД НАЈБОГАТИТЕ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ОБРАА БОСТАНОТ : СЈО поведе истрага за екс градоначалниците на Центар и Кочани!

0
3276

Против поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани го товари Димитровски дека го оштетил буџетот на Општината за 48.791 евра.

Според полицијата Димитровски од декември 2013 година до април 2014  година,  без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз на подрачјето на општина Кочани, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани.

Врз основа на договорот за секој продаден билет на превозникот, општината субвенционира половина од износот. На овој начин, пријавениот му овозможил на  „Авто Атом“ ДОО Кочани да се стекне со  противправна имотна корист, а го оштетил буџетот на општина Кочани за  3.000.690 денари.

Поранешниот градоначалник на Општина „Центар“ и сопственик на трговскиот синџир маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, според сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“ е осомничен од Специјалното јавно обвинителство.

Според сознанијата до кои дојде „ПРАВОСУДСТВО.МК“, Тодоровиќ се сомничи за работи поврзани со изградбата на мостот „Око“, а за што веќе има отворено истрага за повеќе лица.
Имено, нашите информации говорат дека Тодоровиќ, кон средината на овој месец, во својство на сведок, бил повикан на распит во СЈО, но од исказот што тој го дал, на 20. овој месец, односно минатата среда, произлегло и тој самиот бил инволвиран во законските нерегуларности и од позиција на сведок, тој бил трансфериран во осомничено лице.

Како што веќе пишуваа некои медиуми за изградбата на мостот „Око“ освен СЈО, свои постапки водат и редовните Обвинителства и Финансиската полиција и дека како осомничени се јавуваат неколку лица.
Истрагата за мостот „Око“, кој претставува само дел од проектот „Скопје 2014“, е прва која е директно насочена кон Владимир Тодоровиќ.

Неговото име се врзуваше со нерегулалните избори за градоначалник на Општина Центар, во 2013 година, кога за потребите на неговата кандидатура се носеа жители од албанскиот град Пустец. Сега осомничениот Тодоровиќ, по три прегласувања, на крајот призна пораз од кандидатот на тогашната опозиција, Андреј Жерновски.