Еден од командантите кои се предале во Куманово е бивш бодигард на Али Ахмети!

0
1482

али(3)

Македонските медиуми известуваат дека Сами Укшини познат како командант Соколи, Бег Ризај, Дем Шеху, и Мухамет Краниќи – Командат малишева, се четворицата косовари кои во сабота се предале на македонската полиција, после 16 часа борби во Куманово.

Lajmi.net
 и Shqipmedia.com ги објавија нивните биографии:

Дем Шеху, од Дечани, учествувал во војанта на УЧК на Косово, но и во војната во Македонија 2001. После војната во Македонија бил бодигард на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Често бил виден и со други функционери на оваа партија.

Бег Ризај, бил војник на УЧК во зоната на Дукаѓин во Косово. После војната на Косово бил бодигард на Рамуш Харадинај.

Сами Укшини- Командат Соколи, потекнува од семејство во Морина, Ѓаково. Неговото семејство било база на УЧК, УЧПМБ и УЧК-Македонија. Сами Укшини учествувал во војната во Македонија во регионот на Липково.

Мухамет Красниќи – Командант Малишева, е од Малишево, Косово. Бил во УЧК во косово а во 2001 и во Македонија.

Единствениот кој не се предал е Мирсад Ндрецај- командант НАТО. Тој е внук на Малиќ Ндрецај, командаднт на 132 бригада на УЧК во Косово.