ЕДЕН ДЕН БАРААТ АМНЕСТИЈА, ДРУГ ДЕН СЕ ЗАЕБАВААТ СО НАС: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја враќале правдата во Македонија?!?! НЕ ФАЛА, У РЕДУ Е, ВЕ ВИДОВМЕ НА ДЕЛО!

0
1286

Одговорност за општиот грабеж кој го спроведува СДСМ мора да има, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите владини и државни функционери кои се најдоа во скандалите во изминатиот период тешки неверојатни 45 милиони евра мора да понесат одговорност и да поднесат неотповиклива оставка од сите државни фукнции. Обвинителството и судот мора да стават крај на праксата за заштита на криминалот и перење. А луѓето блиски до Заев и СДСМ кои сториле криминал. Правосудниот систем во Македонија мора да се ослободи од стегите на власта и да заборави на партиски нарачаните обвиненија и пресуди од Зоран Заев и СДСМ. Додека здравството е пред целосен колапс, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните со своите живот, Венко Филипче се обиде да спроведе холивудски грабеж и на фирма која е формирана само 4 пред месеци да и додели тендер тежок 35 милиони евра. Додека Македонија тоне на ранг листите за иновативност, Фондот за иновации и технолошки развој стана фонд за исплата на долговите на Заев и СДСМ кон своите сопартијци, фунцкионери од власта и провладини медиуми. Јован Деспотовски се обиде да ги награди ,,најзаслужните’’ партиски послушници со 10 милиони евра пари на граѓаните. Токму поради ова сите инволвирани во овие скандали мора да поднесат оставка веднаш!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека правдата во Македонија ќе се врати, а моментот кога тоа ќе се случи ќе одговараат оние кои сториле криминал, но и оние кои го амнестирале, оние кои краделе, но и оние кои застанале на патот на правдата.