Евра му се заканува на порашениот соиграч Жером Ротен : Слушам си јадел гомна за мене за тоа како сум ја славел победата на Јунајтед во Парис, гомно едно, нареден пат коге ќе се сретнеме ќе јадеш шамари!

0
1353

Манчестер Јунајтед славеше на „Паркот на принцовите“ со 3:1 и така го завери пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите, иако доживеа пораз од ПСЖ на „Олд Трафорд“ од 0:2.

На трибините од стадионот во Париз беше и поранешниот играч на овој клуб, како и поранешен репрезентативец на Франција, Патрис Евра.

Тој воодушевено ја прослави победата на „Ѓаволите“, а на социјалните мрежи сподели и дел од својата прослава на трибините со Пол Погба.

Тоа видео не му се допадна на поранешниот играч на ПСЖ и некогашен соиграч на Евра во Монако, Жером Ротен.

Откако слушна за тоа, Евра полуде и упати салво навреди на сметка на поранешниот соиграч.

„Кажано ми е дека Жером зборувал секакви работи за мене. Не верував во тоа, додека не го погледнав видеото. Твојата награда, следниот пат кога ќе се видиме, ќе бидат шлаканици.

Ова не се празни закани. Знаеш дека кога тогаш ќе се сретнеме.

Отсекогаш си бил безобразен. Се сеќавам кога Л’Екип ти даде оценка пет, а на останатите играчи седум бидејќи беше толку параноичен поради таквите работи, му се јави на новинарот и го праша зошто тебе не ти даде седумка.

Го*но едно. Престани да зборуваш глупости, престани да кажуваш лаги. Биди внимателен, бидејќи патиштата ќе ни се вкрстат кога тогаш. Сигурен сум дека ќе се случи тоа“, напиша Евра на социјалните мрежи.