Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

ЕВН МАКЕДОНИЈА СО ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ЗА ПОЗЕЛЕНА ИДНИНА ВО ЛОЗОВО

ЕВН Македонија заедно со Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција  во Штип, реализираа волонтерска акција за садење на 300 садници во општина Лозово, како резултат на долгогодишната посветеност кон одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Во рамки на проектот за волонтирање на ЕВН, групата од 14 волонтери заедно со општинските претставници работниот ден го посветија на пошумување на одредени локации. Со оваа акција се придонесе кон позелено и почисто Лозово, а со тоа и подобар квалитет на живот на населението во подолг рок.

Проектот на ЕВН кој овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата, од обмислување до реализација на идеите, започна во јули 2017 година. До сега се реализирани 57 активности со над 600 вработени.

Волонтерските активности се дел од континуираните напори на ЕВН Македонија за спроведување на проекти кои имаат позитивно влијание врз животната средина. Компанијата е целосно посветена на поттикнување на вработените и реализација на активности со цел подобра иднина за сите граѓани.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ