Либертас дојде до целосниот извештај на Државната изборна комисија кој покажува близу половина милион спорни гласачи запишани во Избирачкиот список.
Либертас уште претходно објави дека по завршената вкрстена проверка на податоците добиени од 11 релевантни државни и јавни институции, експертите на Државната изборна комисија (ДИК) во својата анализа констатирале дека сегашниот Избирачки список е проблематичен за над 490.000 запишани гласачи, информираат дипломатски извори тесно вклучени во процесот.
Според проверките и вкрстени анализи, податоците покажале дека за барем 54.000 запишани избирачи во Избирачкиот список нема никаков издаден биометриски документ од соодветните институции, чие пак поседување е услов за некој граѓанин да го оствари правото да гласа.
Повеќе детали и целиот извештај на ДИК ОВДЕ