ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЛУДАЦИТЕ ПО ТРИБИНИТЕ НА ГОМНАРИТЕ ОД ГДОМ на Мирките и Свирките : Испратен мртовечки венец во домот на Борјан Јовановски

0
837

Вчера непознато лице дошло во семејната куќа на новинарот и уредник на НОВА Борјан Јовановски и на неговата сопруга и оставило мртовечки венец со натпис „последен поздрав“ велејќи дека „поздравот„ е од Тодор Александров. Дома биле и малолетните деца на Јовановски, јави порталот.

9854843943934

Сопругата на Јовановски настанот го пријави во полицијата, а во моментов се очекува истите да пристигнат и да направат увид.

Борјан Јовановски е мета на долгогодишно вербално насилство од страна на медиуми и новинари кои важат за блиски до владејачката партија. Вербални напади на адреса на Јовановски пристигале дури и од високи државни функционери.

Национални медиуми со години емитуваат содржини во кои се повикува на линч на Јовановски и уште многу други новинари и интелектуалци кои се критични кон власта, но јавниот обвинител не превзема ништо.