ЕВЕ ШТО МИСЛЕЛЕ 9 МЕСЕЦИ : КРИВИЧЕН ДА ЈА УТВРДИ ТОЧНАТА БРОЈКА НА ПРИСЛУШУВАНИ И ДА УТВРДИ ДАЛИ СЕ ПРИСЛУШУВАЛО САМО ВО УБК, БАРА АПЕЛАЦИЈА

0
910

Апелациониот суд вчера попладне ја објави одлуката со којашто ја укинува првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ односно за масовното прислушување со која му се укина дванаесетгодишната затворска казна на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.Судот на 25 страници објаснува за што се жалеле обвинетите и образложува зошто ги прифаќа нивните жалби и ја укинува првостепената пресуда.
Апелација всушност го спори вештачењето и бара Кривичниот суд да утврди дали се прислушувало само во УБК односно дали биле маркирани и следени броеви кај операторот.

-Основано се укажува во жалбите на обвинетите и дека првостепениот суд во образложението на обжалената пресуда при утврдување на решителните факти по однос на дејствијата опишани под став II од изреката, предмет на посебна анализа и оценка го имал наодот и мислењето на техничкото лице д-р М. К. НСК – КО бр…. од јануари 2021 година изготвен на предлог на одбраната, кој не го прифатил и не му поклонил верба со единствено образложение дека околноста поради која му поклонува верба на вештиот наод и мислење на вештото лице К.Ј. е потврдено со исказите на сведоците М. Ч. и Д. З., по однос на околноста за начинот на маркирање на телефонски броеви во О..В., а посебно на околноста за телефонски броеви кои биле само маркирани следени кај операторот О..В., а не биле следени и маркирани од страна на У.Б.К, како што утврдува вештото лице д-р М. К.. , се вели во дел од Одлуката.

Апелација исто така бара Кривичен да утврди колку точно броеви биле прислушувани, оти имало противречности.

– Првостепениот суд иако бил должен врз основа на расположливиот доказен материјал не ги утврдил со сигурност решителните факти по однос на тоа телефонските комуникации на колку вкупно
броеви биле следени без за тоа да постои судска наредба и точно во кој временски период биле следени тие комуникации и преку кои уреди, пишува Апелација.