ЕВЕ НОВА ПРЕДЛОГ ИДЕЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ : Букурешт ќе добие 130 хибридни автобуси Mercedes Citaro

0
3102

Букурешт е како главен град за Mercedes Citaro во Европа. Од следната пролет, во јавниот превоз во романската престолнина ќе учествуваат 130 нископодни автобуси со хибриден погон. Станува збор за носителот на титулата „Автобус на 2019 година“. Со хибридниот погон, емисијата на штетни материи се смалува за 8,5 проценти.

Главниот град на Романија повторно нарача испорака на Mercedes Citaro. Од мај 2020 година, во Букурешт ќе почнат да возат 130 нископодни градски автобуси од типот Citaro hybrid. Во градот моментно циркулираат околу 1.000 автобуси од овој модел на Mercedes, кои беа нарачувани во претходните години. Затоа и во Daimler Buses кажуваат дека „Букурешт е како главен град за Citaro.“

Новите автобуси се целосно климатизирани, со обложени седишта, инфо-забавен систем со прикажување на информациите во вистинско време и УСБ за полнење на преносни уреди. Подвозјето располага со контрола на стабилноста.

Хибридниот погон се вградува во Mercedes Citaro со дизел мотор или со мотор на метан. Електромоторот има главна задача да му помага на моторот кога е потребна повисока моќност. Тој испорачува моќност до 14 kW и вртежен момент од 220 њутнметри. Електромоторот обично е активен при поаѓањето.

Mercedes Citaro hybrid поседува системи Preventive Brake Assist и Sideguard Assist, кои самостојно го запираат автобусот при опасност од судир или кога сензорите ќе препознаат пешак на патот на возилото

Потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на штетни материи, на тој начин се смалува за 8,5 проценти. Енергијата за електромоторот се добива при сопирање и одземање гас, при што кинетичката енергија се претвора во електрична. Таа се акумулира во двослојни кондензатори, кои повеќе се познати како „суперкапс“, односно суперкондензатори.

Хибридната изведба на Mercedes Citaro ги убеди експертите. Меѓународно жири го прогласи Citaro hybrid за „Автобус на 2019 година“.