Еве која е процедурата за вадење на бугарски пасош

0
1965

Борбата за подобро утре, солидна животна егзистенција и поголеми плати достојни за нормален живот се дел од причините поради кои се повеќе Македонци посегнуваат по бугарскиот пасош, пишува Фактор.

Неофицијалните податоци велат дека 100 до 150.000 македонски граѓани добиле бугарски пасош а на овој чекор се одлучуваат и млади и стари, и студенти и печалбари , невработени и вработени кои својата иднина не ја гледаат во земјава во која признале или не тешко е да се преживее со 200 евра плата.

Исклучок не се ниту лекарите и административците од внатрешноста кои одлучиле да извадат пасош за да можат да заминат во земја каде нивниот труд ќе биде повеќе ценет и награден.

Источниот регион засега е број еден за бугарски пасоши, а рекордер е најисточниот град кој граничи токму со Бугарија – Делчево каде 70% од жителите веќе имаат двојно државјанство.

Најбројни се печалбарите од овој град кои заминуваат на сезонска работа во Италија, Швајцарија, Германија или Словенија а по нив се студентите кои годинава го испразнија градот и заминаа во Германија.  Побарувачката за бугарски пасоши е голема и кај беровчани, струмичани, битолчани и охриѓани.

Посредници за бугарски пасош може да се најдат претежно во истокот а ние во оваа статија ќе ви ја откриеме  најголемата јавна тајна!

Целиот текст ОВДЕ