ЕВЕ КАКО СТОПИВ КАЛОРИИ ПРЕКУ ДИЕТА СО ПЕЧУРКИ!

0
1911

pechurki

Диета со печурки, т.н. М-план диета е хит меѓу холивудските ѕвезди, а дело е на нутриционистот Џ.Џексон. Оваа диета е многу лесна и едноставна. Единствениот елемент за кој мора да се придржува е барем еден оброк дневно, во период од 14 дена, да содржи печурки. Не е дефинирано кои видови на печурки мора да се користат, тоа е оставено на избор. Исто така, не е дефинирана ни количината. Можат да се јадат со омлет, ориз, супа или на друг начин. Според Џексон, диетските влакна од печурките ја стимулираат работата на дигестивниот систем, со што се добива чувство на ситост.

Предности на диета со печурки

Печурките се нискокалорична храна. Поради нутритивната вредност одлично се вклопуваат во секој вид на храна и идеални се за лицата кои внимаваат на линијата. Печурките помагаат и за поубав изглед на кожата, косата и ноктите, поради содржината на Б витамин, железо и цинк.

Недостатоци на диета со печурки

Проблемот со оваа диета е тоа што нема структурални правила. Не е погодна за лицата на кои треба строго да им се дефинирана количината и видот на храната.

Пример на мени:

Појадок: Овесна каша со јогурт, јаболко.

Ручек: Омлет со печурки.

Вечера: Риба и варен зеленчук.