ЕВЕ КАКО МЕНАЏИРА ДУИ : Поскапеа поштенските услуги – од 18 на 25 денари од плико!

0
792

Поштенските услуги преку ноќ поскапеа, се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Поштите во земјава. Од Пошта на Северна Македонија пак појаснуваат дека новата цена е поради усогласувањето на универзалната услуга со Законот за поштенски услуги.

Според законот, се укинуваат стапките на тежина на пратките „до 20 грама“ и „од 20 до 50“ грама и се воведува една стапка на тежина до 50 грама.

– За обично писмо денеска ми наплатија поштенска услуга од 25 денари. Досега ми наплаќаа 18 денари од плико. Кога реагирав вработената на шалтерот ми кажа дека има нова цена и нова грамажа. Дополнително, поскапени се и услугите на препорачаното писмо на 79 денари, додека вредносните пратки сега чинат 115 денари – се жалат граѓани и бизнисмени кои редовно ги користат услугите на Поштите.

Од Пошта велат дека од 1 март е извршено усогласување со Законот за поштенски услуги за тежина на поштенски пратки до 2 килограма во рамки на универзалната услуга и Правилникот за формирање цени на универзалната услуга, според кои и Правилникот за формирање на цени на универзалната услуга, според кои, кај обичните пратки е воведена само една стапка на тежина до 50 грама, наместо досегашните две „до 20 грама“ и „од 20 до 50“ грама.

– Претходните цени опфаќаа стапка на тежина до 20 грама и од 20 до 50 грама. Новата цена на писмо со тежина до 50 грама изнесува 25 денари. Усогласувањето на тежината до 50 грама е извршено според член 50 став 8 од Законот за поштенски услуги и одредбите од Правилникот за формирање на цени на универзалната услуга – велат од Пошта.

Оттаму додаваат дека кај другите пратки нема промена на цената.

За новите цени на услугите информираат од Пошта имаат добиено решение од Агенцијата за пошти.