Ако го отворите Фејсбук преку вашиот мобилен телефон на само 30 секунди, вашата активност на него ќе остане забележана на преку 1000 сервери. Се што е некогаш објавено на оваа социјална мрежа останува засекогаш запишано во огромните центри за складирање на податоците.
Од 2011 година, Фејсбук отвори вакви центри во Орегон, Ајова, Северна Каролина и Шведска.
Во јули, ја започна изградбата и на петтиот центар во Тексас. Во него “живеат” податоците, додека од надвор изгледаат како огромни складишта. Серверите светат во сина боја, а кога ќе се најдете меѓу нив се чувствувате како да сте во некој научно фантастичен филм.
Фејсбук има единствен дизајн на серверите и извор на енергија, вклучувајќи и непрестани извори на струја која ги одржува серверите дури и кога главниот генератор ќе се исклучи. Во овие складишта се е хиерархиски поврзано едно со друго.
Целта на Фејсбук е нивните центри да бидат поефикасни и се внимава на најситните детали. Сепак, “ефикасен” во случајот на Фејсбук не значи и “што помал”.
Првиот центар, кој се наоѓа во Орегон, има 1528 километри кабли во себе. Иако би помислиле дека тоа е неверојатна количина на струја потребна за одржување, Фејсбук своите центри ги унапредува да бидат економични и да трошат што помалку енергија, а со самото тоа и помалку да чинат.
Поради начинот на кој се поврзани серверите, работниците можат лесно да ги пронајдат, тргнат и поправат сите компоненти.
Она што е можеби најважно е спречувањето на прегревањето на серверите. Во шведскиот центар, воздухот се извлекува однадвор и потоа се обработува за да ги разлади илјадниците сервери. Ладниот воздух поминува и низ голем број на филтри и прскалки кои дополнително помагаат за намалување на температурите и влагата во просториите со серверите.
Сепак, потребен е посебен начин на комбинирање на температурата на воздухот за да се одржи температурата на серверите. Поради тоа над центарот постои цел спрат кој служи за регулација на температурата.
Затоа, следниот пат кога ќе се логирате на Фејсбук, замислете како вашите податоци патуваат низ серверите во овие центри, каде се складираат засекогаш.