ЕВЕ ЗОШТО ИМАМЕ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19 КАКО ДЕНЕСКА!

0
1202

Од МВР потврдија дека има приведено едно лице, а за седуммина се преземени мерки за непочитување на уредбата и мерките за јавен собир и групирање и ќе им бидат поднесени пријави.

Група граѓани со знамиња, чадори, маски и транспаренти со симболот на Сонцето од Кутлеш денеска пред Владата одржаа протест против владините мерки за спречување на коронавирусот, 5Г и вакцините.

Ковид-19, според дел од демонстрантите е обичен грип за кој нема потреба од вакцина, ниту потреба од заштита со маски и ракавици.