ЕВЕ ЗОШТО Е АПАСИЕВ ЕДНАШ НЕДЕЛНО НА КАНАЛ 5 – СТОЈМЕНОВ ПОЧНА САМ ДА ГИ УРИВА СТОЛБОВИТЕ ЗА ХОТЕЛОТ НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ КАДЕ 4 ГОДИНИ ГРАДЕШЕ БЕЗ ДОЗВОЛА

0
971

По уривањето, градежникот може да поднесе барање за градба и откако ќе плати комуналии на Општината може да го гради хотелот, бидејќи за тоа постои маркичка според ДУП. (Фото: К. Попов)

Фирмата „БС Консалтинг“ почна сама да го урива она што досега на диво го изгради за хотелот „ТЦЦ Плаза“. Откако 4 години објектот на поранешно „Беко“ се градеше без дозвола, деновиве со багер почнаа да се уриваат бетонските столбови кои се кренати.

„Од инвеститорот е добиено известување дека во наредниот период ќе се врши уривање“, велат од Општина Центар.

Откако ќе се урне дивоградбата, градежникот може да поднесе барање за градба и откако ќе плати комуналии на Општината може да го гради хотелот бидејќи според Деталниот урбанистички план (ДУП) кој е на сила, на тоа место постои маркичка за хотел.

За досегашното градење Основното јавно обвинителство во мај годинава поднесе обвинение за градењето на диво на хотелот „ТЦЦ Плаза“ против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“. Обвинението беше поднесено две години откако Општина Центар поднесе кривична пријава против градежникот.