Ева го напушти Челси, следат тужби до клубот и до Мурињо

0
1019

51354-nemashe-po-kogo-pa-murinjo-udri-vo-eva-karneriro

Ева Карнеиро повеќе не е дел од медицинскиот тим на Челси откако самата решила да го напушти лондонскиот клуб, шест седмици по конфликтот што го имаше со стратегот Жозе Мурињо во финишот од мечот со Свонси. Англиските медиуми ваквиот потег на Карнеиро го оценуваат како очекуван, но воедно и како најава за долга правна битка што сега ќе следи со тужбите што ќе бидат испратени против Челси, но и против самиот Мурињо.

Минатата седмица постоеја најави дека Португалецот ќе ја загуби оваа битка и Ева ќе мора да биде вратена во медицинскиот тим на „сините“. Се чини дека со пропаѓањето на таа последна шанса за примирје стана јасно по кој пат ќе тргне Карнеиро, која од денеска и официјално го напушти Челси.

Само за потсетување, бројни стручњаци и дадоа поддршка на Карнеиро велејќи дека правилно постапила влетувајќи на теренот откако судијата го побарал тоа од неа, без оглед на фактот дека токму тоа го извади од кожа Мурињо. Португалецот оттогаш целосно ја изолираше докторката од Гибралтар од првиот тим, што само по себе е причина за тужба. Воедно, трофејниот тренер ќе одговара и за навредите упатени кон неа во финишот од мечот со Свонси, за што веќе е покрената дисциплинска постапка од ФА, а наскоро ќе биде стартуван и судскиот процес против него.

Извор : ЕкипаМК