ЕБАТИ РАБОТАТА, А ТАМАН ПОЧНАА ПОЛИТИЧКИ ДА ДЕЈСТВУВААТ ПА СЕ САМОУКИНАА : Основач на Левица поднел предлог за повлекување од избори

0
1810

Основач на Левица до Основниот суд Скопје 2 поднел предлог за забрана на партијата да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори во декември, известуваат од Актуелно.мк. Барањето доставено до судот е потпишано и поднесено од Жарко Петрески од Скопје, основач и член на Левица. Димитар Апасиев пак носителот на ИЕ1 за претстојните избори од Левица, во телефонски разговор за МКД.МК изјави дека за раковдството за партијата ова е „гром од ведро небо“.

Според документите од барањето кое наводниот основач на Левица Петрески ги доставил до судот, одлуката партијата самостојно да настапи на изборите на 11 декември била во целост спротивна на статутот на партијата, поточно на членот 26 став 1, каде било прецизирано дека одлуки за учество или бојкот на избори донесувал пленум.

mkd-295187