ЕБАТИ БАКСУЗОТ ЕБАТИ, ЕВЕ ЗОШТО ГРУЈО ПОВИКУВА НА НЕМИРИ И НА ГРАЃАНСКИ ВОЈНИ, НА ПАЛЕЊЕ И УБИСТВА – Иво Вајгл го разобличи Грујо ДО ГОЛА КОЖА : Груевски ни кажа дека ќе оди до крај, бидејќи не сака да оди во затвор!!!

0
3018

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, но сè уште не е крајно алармантна, рекол Иво Вајгл, член на Европскиот парламент, кој пред неколку дена беше Скопје, заедно со европскиот комесар за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и неговите колеги европратеници.

– Секој ден нешто се случува. Сега во Собранието се договорија за кадровската комисија. Тие кои треба да формираат влада дозволија претседателот на оваа комисија да биде од ВМРО-ДПМНЕ, така што ова е некаков знак на толеранција. Имаат мнозинство, но функцијата му ја дадоа на член на ВМРО-ДПМНЕ – изјавил Вајгл за новинската агенција Анадолија, пренесува Ал Џезира.

Тој зборувал и за разговорите со Груевски.

– Најкарактеристична е, сепак, изјавата која ни ја даде Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ни кажа дека ќе оди до крај, бидејќи не сака да оди во затвор. Ако тоа е мотивот, тоа значи дека долго време нема да има компромис – рекол Вајгл.

Сепак, Вајгл вели дека новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ има некоја друга можност.

– Тие можат, врз основа на мнозинството, да изберат Влада и на друг начин, да го заобиколат претседателот Иванов.

– ВМРО-ДПМНЕ бескомпромисно ги повика луѓето на улица и тие протестираат, а и тие со нив. Се плашам дека ова на улиците може да ескалира, но не може да се предвиди. Не сакам да зборувам за најмрачните сценарија, кои сепак, таму се можни. Секој ден се повеќе се поттикнува омраза против Албанците. Најверојатно другата страна го прави истото. Албански јазик не знам, па не можам да ги следам нивните медиуми – вели Вајгл.