ДУРИ И ВМРОВЦИТЕ МУ СЕ ПОКЛОНУВААТ: На Филипче му веруваат дури 82 отсто од граѓаните

0
1019

Дури 82 отсто од македонските граѓаните му веруваат на министерот за здравство Венко Филипче во активностите што ги превзема против ширење на корона вирусот во анкетата спроведена од емисијата Детектор на телевизија Сител.

Високи 65 отсто од граѓаните им веруваат на лекарите и сметаат дека тие имаат искуство и знаење да се справат со ситуацијата, додека 60 отсто се уверени дека владините мерки за заштита се соодветни.

Дури 90 отсто од испитаниците сметаат дека угостителските објекти, училиштата, градинките и границите треба да бидат затворени.

Казните за непочитување на мерките за претпазливост ги поддржуваат 87 отсто од испитаниците кога станува збор за самоизолација.

Дека треба да има полициски час се согласуваат 74 отсто од анкетираните.