ДУИ СЕ ПОСРАМОТИ: САМО 2-3 ЧАСА ОТКАКО ГИ ПУШТИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ВЛАДА СО ДПМНЕ, ДУИ ГИ ДЕМАНТИРАШЕ!

0
816

Само половина час откако за „360 степени“ кажа дека „нема коментар“ за написите во неколку медиуми на албански јазик дека ДУИ е на чекор до коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи се премисли.

Во изјава за Телевизија 21 Османи ги демантира објавените информации и укажува дека тие не се точни.

„Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ“, изјави Османи за ТВ21.

Во однос на тоа кој ги пласира гласините, Османи негира дека ДУИ е изворот на ваквите информации.