ДУИ по големата бројка заразени: Ќе се консултираме со експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание

0
830
Централниот изборен штаб на ДУИ во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите проценки и одлуки ќе ги преземе во согласност со препораките на експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје.
Ова е еден од заклучоците на денешната седница на Централниот изборен штаб, кој ја свикал претседателот на ДУИ, Али Ахмети по зголемениот број новозаразени.
-Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормалност и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина обврзително треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени., се вели во соопштението од партијата.
ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето
на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и
да одржуваат лична хигиена.