Друже Зоки, ти веќе ништо не ни должиш, сега ние ти должиме тебе!

0
20969

Кога повеќето молчеа и живеа во страв, тој се осмели, излезе и реши да се спротистави на еден немилосрден режим што ја држеше цела Македонија под заложништво. По цена на својот живот, со сите притисоци и закани кон него, неговата фамилија и неговите соработници, беше решен да ја истурка битката „Вистината на Македонија“. Трпеливо, храбро и макотрпно, чекор по чекор го демаскираше и разобличи владеењето на една криминална банда којашто ништо друго не ја интересираше во нашата држава освен личното богатење врз грбот на граѓаните. Тој со многу мака и жртвување ја доби таа битка. Стави крај на еден брутален режим и разбуди една нова надеж за сите. Но, тука борбата не заврши.

По таа долга битка, следеше нова, пократка, но многу потешка. Пред очите на јавноста, беше соочен со убици и додека ја гледаше смртта во очи, иако физички нападнат, ставен во ќош и оставен на милост и немилост на една разулавена маса на луѓе, пак не се поколеба, не се исплаши, и раскрварен на лицето повторно застана на страната на Македонија, бранејќи го животот на своите сопартици и колеги. И тоа го помина, и тоа го победи. Ја истера таа битка, и повторно се исправи пред сите, дополнително мотивиран и решен да ја води Македонија таму каде што замислил, таму каде што и сите ние сакаме да припаѓаме, во едно ново цивилизирано и европско друштво.

Година и нешто подоцна, повторно истиот тој човек собра храброст и решителност да го направи она што 27 години никој не се осмели да го направи, навистина да го реши спорот за името, нешто што сите претходници штитејќи си ја својата какотаква комотна позиција, не ризикуваа на тој потег, иако тајно и скришно преговараа и договараа имиња по телефон, лажејќи и манипулирајќи ја јавноста. За разлика од нив, тој излезе пред сите граѓани и со целиот ризик соопшти решение со кое го покажа патот по којшто се стремиме да одиме и стигнеме, во НАТО и ЕУ.

Тој човек е господинот Зоран Заев, за мене и многумина еден и единствен. Човек со визија за успешна, европска и просперитетна држава. Дали таа визија ќе се оствари, сега веќе само од нас зависи, колку сакаме и колку сме подготвени и решени да придонесеме во остварувањето.

Навистина, искрени и големи честитки за договорот, храбар и исправен потег што заслужува да се поздрави и поддржи!

Влатко Васиљ, фб пост