ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД, ПОМПЕО ПРЕЧЕКАН НА АЕРОДРОМОТ СО ШПАЛИР И НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ПОЧЕСТИ

0
942

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Мајкл Р. Помпео денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија.

На аеродромот во Охрид државниот секретар Помпео, со високи државни почести, беше пречекан од министерот за надворешни работи во Владата на Северна Македонија, Никола Димитров, и потоа, заедно со неговата придружба се упати кон Охрид на средби со дел од државниот врв.