Државата го заборави Тоше

0
1251

Proevski-naslovna-1024x768

Одбележувањето на осмата годишнина од смртта на Тоше Проески го отвори прашањето кое мислевме дека никогаш нема да биде поставено: дали Македонија го заборави Тоше, пишува РеволуционерМК.

Студениот и дождлив 16 октомвриски петок беше уште подепресивен заради тажната глетка на празното Гумење. Ги немаше вообичаените автобуси и масата народ како во нема тишина се упатува кон вечниот дом на македонската музичка икона. Учениците и професорите од основното и средното училиште од Крушево беа тие кои со своето присуство спречија да пукне срамот па да нема кој да ги пречека 16 спортисти кои, во чест на Тоше, секоја година го трчаат ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево.

Кажано со неколку зборови, состојбата во која се наоѓа вечниот дом на Тоше има, безмалку, недостоинствен изглед и ни малку не соодветствува на она што Тоше, и како уметник и како хуманист, го направи за својата земја.