Државата го држи бизнисот во поданичка положба

0
1233

grujovladici

Со невоведувањето механизми со кои приватните фирми полесно и побрзо би си ги наплатиле долговите од државните институции, власта всушност го држи бизнисот во поданичка положба и ги доведува фирмите во состојба да мора да молат за своите пари, велат дел од економистите, известува Радио Слободна Европа.

Стопанската комора деновиве побара измени во Законот за извршување за фирмите да може со извршител да си го наплатат долгот од сметките на општините, јавните претпријатија и државните органи. Сега, судовите може да го ограничат извршувањето и, според Стопанската комора, тие тоа често го прават.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека во Македонија државата не е коректор што треба да обезбеди услови за фер натпревар на пазарот, туку директно влијае во работата на приватните фирми.

Целиот текст е ОВДЕ.