ДРАМА СИНОЌА ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО ВО ЖЕНСКИОТ ДЕЛ : Затворенички пробале да побегнат како на филм, двајца маскирани им помагале од надвор и со пиштоли пукале рафали за да ги збунат чуварите

0
2011

По добиена пријава дека во КПУ-Идризово пред објектот на женско одделение на затворот биле забележани машки лица со маски на главите, полициски службеници од СВР Скопје излегле на лице место и презеле низа мерки за расчистување на случајот.

По извршените разговори и други оперативни активности констатирано е дека на (20.08.) во 22:30 часот затворска службеничка по добиена информација алармирала дека пред женскиот објект од затворот имало две непознати машки лица со црна облека кои фрлале предмети кон прозорците од објектот. Затворската службеничка по радио врска го известила главниот командирот на КПУ „Идризово“ кој ангажирал дополнително затворски службеници упатувајќи ги кон посочениот објект.

Притоа, откако затворските службеници ги забележале двете лица, коишто по претходно предупредување – стој – не застанале, двајца затворски службеници со службена автоматска пушка и пиштол, во воздух испукале по два предупредувачки истрела. Непознатите лица се оглушиле на предупредувањата и побегнале во правец на селото Идризово. Од страна на полициските и затворските службеници, извршен е преглед на поблиската околина со цел пронаоѓање на лицата. СВР Скопје продолжува со истрага до целосно расчистување на случајот.