ДРАМА ВО СУДНИЦА: АДВОКАТИТЕ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ И ТАТКО МУ МИЛОШ ЦЕЛИ 3 ЧАСА ЧИТАА РЕФЕРАТИ И СЕ РАСПРАВАА СО БУБЕВСКИ ВО ОБИД ДА СЕ ТРГНАТ 20 СНИМКИ ОД ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ!!!

0
2859

Цели три часа двајцата адвокати на Антонио и Милош Милошоски читаа реферати и се расправаа со обвинителот Бубевски во обид 20 снимки да не бидат дел од 150 материјални докази во случајот Моќник.

Битката беше неверојатна, но обвинителот Бубевски не се предаваше и даде жесток отпор. Мактел го следеше денешното рочиште во кое обвинетите требаше да се изјаснат по обвиненијата дали се виновни или не, но откако тој дел заврши се јавија за збор двајцата адвокати на прво обвинетите и настана општа драма во седницата.

Но да одиме по ред. Рочиштето почна со мал инцидент кога адвокатот на Милош Милошоски бараше во записник да влезе целото образложение зошто обвинителот Бубевски е назначен за обвинител, на што бурно реагираше судиката и со висок тон му се обрати на адвокатот на Милош Милошоси:

– Не правете драма, образложението ќе го имате на списи плус рочиштето се снима со видео камера нема потреба дактилографката да куца сега 15 миннути без потреба, тишина! – на што адвокатот седна и не муцна поцеќе на темата.

Обвинетите во случајот ,,Моќник” не го прифаќат обвинението поднесено против нив и не се чувствуваат виновни за кривичните дела кој им се стават на товар.

Поопширно образложение во ова имаше еден од обвинетите Шпенд Винца, кој истакна дека се трудел да го разбере обвинителниот предлог, односно негова поврзаност со лица кои, како што рече, ниту ги знаел, ниту ги видел, ниту разговарал со нив.

– Ако има прислушувани разговори нека ги презентират, ќе ги признам. Како може човек да влијае врз мене кога првпат го гледам во судница. Обвинителниот предлог го отфрлам во целост и не се чувствувам виновен – изјави обвинетиот Винца при неговото произнесување за вината.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапници на обвинението се јавните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Е тука настана хаос по изјаснувањето на сите обвинети дека не се виновни. Адвокатите на Антонио и Милош станаа и почнаа на долго и на широко на моменти и со смешни цитати и фрази да бараат снимките од прислушкувањето да бидат отфрлени како докази, едниот од нив ги нарече ПЛОДОВИ НА ОТРОВНО ДРВО КОИ ЌЕ ГО ЗАТРУЕЛЕ СУДСКИОТ ПРОЦЕС?!?!?!

На ова жестоко одговори Гаврил Бубевски кој и тој самиот фати на широко и на долго да образлага зошто бомбите треба да бидат докази, неговото образложение одеше во насока дека бомбите сами по себе не се носечки докази, но се пропратни докази кои сепак треба да се земат во големата слика кога ќе се носи пресудата за вината на обвинетите.

Тој се повика на искуства во Стразбур и на врховниот суд во Хрватска каде во два наврата врховнот суд донел одлука според силината на јавниот интерес, имено во еден случај кога требало да се суди на локален функционер кој земал поткуп судот одлиучил снимките да не се докази, но во втор случај кога се работело за пратеник во хрватскиот сабор, тогаш поради јавниот интерес снимките биле прифатени за доказ, со ова Бубевски алудираше дека Антонио Милошоски е пратеник и бил пратеник кога се случило дејствието за кое им се товари вина и затоа треба снимките да бидат доказ поради тоа што јавниот интерес е поголем од приватноста на Антонио Милошоски.

На ова бурно реагираа адвокатите на Анотнио и Милош Милошоски со коментар, парафразираме, КОЈ ЈА ВРТИ ХРВАТСКА, ШТО ИМА ТОА ВЕЗЕ СО НАШАТА ДРЖАВА?!?!?!

Рочиштето се заврши со тоа што судијата Давиткова ја прекина расправата и рече дека ќе донесе одлука по ова барање на одбраната за снимките да не бидат докази на следното судско рочиште кое е закажано за 23 април.

Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама“, третообвинетиот дека сторил „измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“. Со обвинителниот акт останатите 10 опфатени лица се товарат дека сториле „злоупотреба на службената положба и овластување“. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски. Меѓу останатите обвинети се и Томе Аџиев, Јанаке Витановски, Новица Велјановски, Ѓорѓи Милошевски, Шпенд Винца, Агим Мехмети и Даут Даути.

„Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на Општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е ‘поранешниот задружен дом‘, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157 квадратни метри со дворно место од 3.920 квадратни метри во село Ижишта, Општина Македонски Брод, која ја користела Општина Пласница“, наведуваат од Обвинителство.

Со продажбата на овој објект, како што посочуваат од Обвинителство, обвинетите нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на Општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

Во описот на дејствијата што ги презел третообвинетиот, од обвинителство велат дека тој со „особен придонес кон делото“ директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник, вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.