ДРАМА ВО ПАРЛАМЕНТОТ – ЗАЕВ РАСПАЛИ ПО МИЛОШОСКИ: Лажете безобразно, но се криете зад вашиот имунитет! Ми замерувате за советник кој го плаќаме 1.200 евра. Па на Влатко Ѓорчев сопругата за 1.800 евра ја ангажиравте!

0
1347

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања рече дека не добил одговор од премиерот Зоран Заев за тоа кој е потписник на договорор за Љупчо Зафировски да биде назначен за посебен советник на премиерот.

– Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага за извозот на прехранбени производи од „МАМАС“ во Србија. Затоа ја крие неговата биографија – рече Милошоски и додаде дека не е задоволен од одговорот на премиерот.

Заев го обвини Милошоски, дека лаже.

-Ми замерувате за советник кој го плаќаме 1.200 евра. Па на Влатко Ѓорчев сопругата за 1.800 евра ја ангажиравте. Вие ќе држите предавање за тоа кого сум ангажирал. Еве ќе ја видиме Франција како ќе гласа во октомври. Манипулации и бесрамни лаги се ова. Веројатно имате ваша стратегија, респектирам, но она што го зборувате, убаво е и надвор од говорница да го кажете, бесрамно и безобразно лажете. Да кажете дека Љупчо Зафировски е советник затоа што соработувал со Заеви е лага, не знам кој ви е планот, но не можете да си креирате сами на себе приказни и преку невистини да зборувате за одредени тези кои треба да исполнат ваши стратегии – рече Заев.