ДРАМА ВО ВЕЛЕС : Два автобуси на „Струмица Експрес“ со патници заглавени на автобуската во Велес

0
2313

Голем број патници кои попладнево патувале од Скопје кон Штип, Кочани, Струмица се заглавени на автобуската станица во Велес. Ноќта ја минуваат таму, бидејќи патиштата се затворени за секаков сообраќај.

Како што дознава Радио СтрумицаНет, два автобуси на „Струмица Експрес“ и еден од Кочани, од 14 часот се на автобуската станица во Велес, не им е дозволено да го продолжат патувањето кон своите дестинации поради големите наноси од снег на патиштата.

Патниците се револтирани што бадниковата вечер ќе ја поминат на велешката автобуска, но и дека никој не им понудил храна, ниту било каква помош.

Еден автобус кој не ги послушал предупредувањата тргнал кон Кочани, преку Сарамзалино, каде има големи наноси од снег и сега е испречен на патот, бидејќи се излизгал на смрзнатата коловозна лента.

Од вечерва од 21 часот забранет за сообраќај е и патот од Штип кон Радовиш, кај месноста Калимерово.

Повеќе информации за состојбата на струмичките патници, кој ќе преноќат во Велес, во текот на утрешниот ден.386e22a34ea106784b0e00908a503080_w616_h362_cp

Поголем број патници кои патувале од Велес кон Штип, Кочани и кон Струмица, со часови седат на автобуската станица во Велес со купени билети кон овие градови, но автобусите не можат да тргнат заради затворените патишта на делницата Велес-Штип.

Некои од патниците ни се пожалија дека не можат да издржат веќе без основни потреби на автобуската станица, бидејќи таму се заглавени од 14 часот попладне, а останале и без пари. Немаат ниту храна, ниту топли напитоци, а никој досега ништо не ги понудил. Од друга страна цело време ги убедувале дека автобусите ќе тргнат и сега практично останале отсечени и без можност да се снајдат да си заминат дома со друго превозно средство, бидејќи патиштата се непроодни.

15941703_10211611148821105_1087522148_n-169x30015879585_10211611148901107_1303902895_n-169x300

Извор : Ако.Мк