ДО КОЛЕГИТЕ ПРАВНИЦИ: КОЈ Е ЛУДИОТ А КОЈ ЗБУНЕТИОТ ?

0
2097

Значи, имаме Пресуда ТСЖ-75/16 од 07.03.2016 год.на Апелациониот суд Битола која е предмет на извршување. Пресудата му наложува на сега должникот да испразни и предаде во владение “деловен објект во површина од 70 м2, кој се наоѓа во објектот на НУ Центар за култура Марко Цепенков Прилеп, на Булевар Маршал Тито во Прилеп.

Но, во објектот на НУ Центар за култура Марко Цепенков Прилеп согласно ИЛ бр.34711 за КО Прилеп не постои “деловен простор од 70 м2 сопственост на сега доверителот, ами напротив целокупниот простор е со намена “зграда за култура, уметност и информации”. Таквиот факт е потврден и со Стручен наод изготвен од страна на вешто лице од геодетска струка.

До тука работите се прилично едноставни, арно ама, денес Извршителот имаше закажано рочиште за присилно испразнување и предавање на објектот на доверителот, за кое рочиште имавме побарано и присуство на вешто лице геодет, со цел да го потврди фактот дека оваа извршна исправа не е подобна да се извршува од причини што таков деловен објект во просториите на НУ Центар за култура Марко Цепенков Прилеп воопшто и не постои. Немало потреба рече извршителот.

Штом е така велам ајде да ги најдеме тие 70 м2, еве јас велам дека тоа е просторот од канцеларијата на Директорот на НУ Центар за култура Марко Цепенков Прилеп Тони Чатлески и барам тие простории да се испразнат и да му се предадат во владение на Министертвото за култура. Директорот на НУ Центар за култура Марко Цепенков Прилеп доаѓа и со прст покажува, кој простор да се испразни и предаде во владение. И така би.

Па еве драги колеги, подолу на фотките ја имате извршната исправа, го имате имотниот лист и стручниот наод, па ПРОНАЈДЕТЕ КОЈ Е ЛУДИОТ А КОЈ ЗБУНЕТИОТ што ја изврши извршната исправа и просилно ја исели најстарата ликовна колонија во југоисточна Европа, кона во тој простор работи повеќе од 20-ет години.

Извршителот што го послуша Директорот, или Директорот што покажа со показалецот кон објектот, кој ниту еден друг не можеше да го пронајде.

14627912_1420707057939760_1701343593_n14646676_1420707077939758_731614745_o14689054_1420707097939756_572748118_o14689225_1420707114606421_1958287779_o14686471_1420707197939746_1340130063_n

Од фејсбук зидот на адвокат Жарко Стеваноски