Дојди на патување со мене

0
1280

Дојди на патување со мене.

Purchase this image at http://www.stocksy.com/183980

Спакувај си ги куферите и остави сè позади себе. Распакувај ги твоите надежи, твоите стравови и секој сон кој бил игнориран низ годините.

Спакувај ги твоите најлуди детски фантазии и дојди да си заминеме во ноќта. Ќе ја напуштиме пустата земја и големиот град. Ќе ги оставиме неонските светла зад себе и ќе појдеме во некој град каде сонцето гори и длабоко во ноќта.

Остави сè зад себе. Појди на патување со мене. Ќе избегаме од сите грешки и проблеми. Ќе запливаме длабоко во можностите, ќе ги плискаме нозете во океанот на жалење и ќе си ги исушиме душите под сонцето на простувањето.

Заборави на сите работи кои сме морале да ги правиме. Заборави на залудно потрошеното време. Заборави на наметнатите идеали. Заборави на она што требало да бидеш како личност. Ќе оставиме сè зад себе.

Ќе се спакуваме во ноќта и утрото ќе се најдеме на една сосема поинаква дестинација.

Остави ги твоите гордост и цинизам. Остави ги зад себе горчината и болката. Нема да имаме потреба од нив таму каде ќе одиме. Ќе излеземе од шумата на стравови и ќе се ослободиме од сите граници кои го ограничуваат нашето постоење.

Одведи ме во зората на твоите страсти, на твоите надежи и соништа, кон детето кое живее во тебе.

Не се грижи за она што е добро, а што лошо. Оваа ноќ заборави на работите кои и тежат на твојата душа. Постои свет кој живее и постои надвор од доброто и лошото. Може заедно да живееме таму.

Ќе го славиме сочувствувањето како религија и ќе се ослободиме од нашите гревови.

Дозволи ми да те видам во целина, преку твоите предности и недостатоци, преку твоите квалитети и маани.

Дозволи ми да уживам под сонцето на твоите доблести.

Не мора да живееме онака како што општеството не тера. Постои тајна која е напишана во твојата кожа, меѓу твоите ребра, во здивот кој те носи еден чекор поблиску кон животот кој треба да го живееш – кон местото кое можеш да го наречеш свој дом.

Те молам не ми давај изговори.

Уморна сум од луѓето кои се двоумат, оние кои остануваат и кои мораат да се откажат од идејата да го живеат животот кој бил наменет за нив.

Во мене пулсира желбата која сакам да си ја исполнам со неизмерна сила и жестокост.

Гледам сјај во твоите очи и разорување во твојата насмевка. Заедно можеме да го уништиме целиот свет…

ЦрноБело