ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЅИНГОВЦИ ДА ГО ЈАДАТ СТАПОТ ЗА СИТЕ ЗУЛУМИ И ПЉАЧКИ: СЈО отворило истрага против Ѕинговиот најверен вечен соработник и близок роднина, Стојан Миланов

0
1573

СЈО отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава против Стојан Миланов, еден од најискусните пратеници во македонското Собрание кој доаѓа од редовите на СПМ како коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и воедно баџанак на Љубисав Иванов – Ѕинго, пренесуваат медиумите повикувајќи се на информации на „Макфакс“.

Во овој случај пријавата ја поднесува МВР преку СВР Пробиштип поднесе до СЈО против 70 годишниот кратовец како директор на Јавното претпријатие хидросистем „Злетовица“ од Пробиштип“.

Станува збор за случај од 2012 година кога пријавениот, според пријавата, како директор на хидросистемот „Злетовица“, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности во наведеното јавно претпријатие, без претходно изготвена проектна документација и одобрение за градба.

Тогашен министер за земјоделство шумарство и водостопанство беше неговиот сопартиец, Љупчо Димовски. За изведувач на градежните активности тогаш била избрана фирма од Кочани која, според пријавата на МВР, се стекнала со противправна имотна корист од 13.150.062 денари. Миланов во 2013-та замина во пензија како тогашен директор на јавното претпријатие ХС „Злетовица“.