Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски го потпишал Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски и истиот е сега во Собранието на Република Македонија.
На ред е Собранието кое треба да закаже седница на која пратениците ќе го разгледаат и ќе гласа за разрешувањето на Зврлевски.
За одлуката на Владата да биде одобрена потребно е мнозинство од 61 пратеник.
Според Законот за јавно обвинителство, Зврлевски има право да присуствува на седницата на Собранието и да се произнесе по предлогот на Владата за негово разрешување.
Владата на седница во петокот минатата недела, ја донесе одлуката за разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
Констатирано е дека Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил угледот на функцијата.
И Советот на јавни обвинители се произнесе позитивно по мислењето на Владата и го прифати предлогот за разрешување на Марко Зврлевски.
Извор : НоваТВ