ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ : Никола Груевски остварил тајна средба со унгарските газди на Телеком во ноември 2007 година!

0
2244

gruevski5

Новинарката Катерина Блажевска во својот текст за поткупот во Маѓар Телеком, објавен на „Призма“, потсетува на еден интересен детал во кој бил инволиварн премиерот Никола Груевски:

„Додека Владата бара од Телеком исплата на дивидендата за 2005 година со камата заради доцнењето, „Маѓар Телеком“ одговара дека може да понуди само заем, но Владата тоа го одбива. Во тој затегнат период, против „Телеком“ и „Т-мобиле“ е поднесена прекршочна пријава, бидејќи навреме не го доставиле ревидираниот финансиски извештај за 2005 година.

Иако првично се добива впечаток дека Владата е во тивка војна со Маѓар Телеком, набрзо владините претставници целосно замолчуваат, со образложение „дека ќе ги остават Унгарците сами да си да го истражат случајот со одливот на парите“.

Дивидендата за 2005 година е исплатена во август 2007 година, во висина од 47 милиони евра. Истиот месец Атила Сендреи е разрешен од членството во Бордот директори, а во септември е отповикан и од функцијата главен извршен директор, иако неговиот мандат истекува во 2008. Официјално образложение за повлекувањето се „здравствени причини“, но причината на сите им е јасна. Сендреи и претходно со месеци беше отсутен од Македонија.

Еден месец подоцна, медиуми информираат дека на 29 ноември (2007) се одржала „тајна средба на унгарските газди на Телеком со премиерот Никола Груевски“. Веста за тајната средба не беше демантирана.

Според неофицијалните извори, на состанокот било предвидено да се разговара за плановите за идната година, за дивидендата, инвестициите, за новите отпуштања. Врвот на „Маѓар телеком“ требало да се договори со Владата и за поставување нови директори во „Телеком“ од владејачката партија. Унгарците, наводно, од средбата си заминале лути“, пишува Блажевска.

Целиот текс може да го прочитате ОВДЕ