ДОСИЕ: ТЕЛЕКОМ – Американскиот суд за сведоци ги бара Бузлевски, Црвенковски, Давитковски, Ден Дончев

0
1321

SMS2-540x405

БИРН во неколку продолженија ги пренесува резултатите од истражувањето на обемниот доказен материјал кој е дел од постапката што пред судот во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар телеком обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија. Јавно достапните документи фрлаат нова светлина на процесот на приватизацијата на Македонски Телекомуникации и на случувањата кои му претходеле.

На конечната листа на сведоци од Македонија за кои Окружниот суд од Њујорк испратил барање до правниот сектор на македонското Министерство за надворешни работи се наоѓаат осум лица. Од првично објавената листа недостасува името на поранешниот премиер Владо Бучковски, но тој самиот неодамна за „Утрински весник“ потврди дека сведочел пред американските истражни органи во 2014 година.

Што се однесува на сведоците прв на листата е Димитар Бузлевски, поранешен министер за транспорт и врски и некогашен висок функционер на СДСМ. Судот наведува дека бара сведочење од Бузлевски затоа што во тој период работел како „лобист/консултант“ за МакТел и помогнал во склучувањето на Протоколот за соработка.

Бузлевски деновиве за медиумите изјави дека не добил покана да сведочи. „Никогаш не сум имал позиција во ’Телеком‘ според која би можел да имам сознанија за случајот“, рече на почетокот од септемви Бузлевски за „Утрински весник“. Во 2012 година, кога „аферата Телеком“ ја актуелизира новото раководство на СДСМ, Бузлевски тврдеше дека „во 2005 и 2006 година бил градоначалник на Ресен и немал никакви контакти со Телеком“.

Во 2003 година, тогашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и поранешен директор на Македонски Телекомуникации, Ден Дончев на прес-конференција тврдеше дека Бузлевски е на платниот список на МакТел и дека “како консултант зема плата од 5.000 евра“.

„Бузлевски во Телекомот нема никаква функција во управните органи туку е врската помеѓу двајцата сопственици, односно помеѓу Владата и конзорциумот ‘Матав‘“, тврдеше Дончев. Втор на листата е поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски.

„Црвенковски веројатно присуствувал на состаноци со Маѓар Телеком, Космотелко и македонскиот премиер во однос на преговорите за Протоколот за соработка“, се наведува во барањето. И кабинетот на Црвенковски тврди дека тој не сведочел за случајот.

Понатаму, од поранешниот директор на Бордот на МакТел, Борче Давитковски се бара сведочење за „влијателната улога на Чаптекс во регулаторните проблеми кои се опфатени со Протоколот за соработка“.

Сторијата во целост прочитајте ја тука