Досега 4.000 здравствени работници се пријавиле да се вакцинираат против Ковид-19

0
708

Според министерот за здравство Венко Филипче 4.000 здравствени работници се пријавиле за вакцинација. Пријавувањето за останатите граѓани пак ќе се врши преку веб страница која од утре ќе биде во фѕункција.

Во план е да се вакцинираат по 880 лица дневно на пунктовите на поликлиниките и 500 лица дневно во Клинички центар.

„Денеска разговаравме за тоа како ќе бидат организирани пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом во Скопје – во поликлиниките во Ченто, Букурешт, Јане Сандански во две смени. По една смена ќе работат пунктовите во поликлиниките Ѓорче Петров, Млин Балкан и сите 7 поликлиниките ќе бидат активни. Капацитетот за вакцинирање во скопските поликлиники на ден изнесува 880 лица и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје”, потенцираше министерот Филипче.

Досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови.