ДОПРВА ПОЧНУВА КОШМАРОТ ЗА РЕЖИМОТ: Јанева ги презема „Шпион“, „Маѓар Телеком“ и предметот против Верушевски!

0
1018

Специјалната обвинтиелка Катица Јанева на денешната прес конференција најави дека ќе поднесе барање за заштита на законитоста против решението на Кривичниот суд околу законитоста на лишувањето од слобода на осомничениот Едмонд Темелко.

– Воспоставивме надлежност над предметот „Шпион“ и до Апелационионт суд побаравме да ни биде доставен предметот со сите списи, заради наше понатамошно постапување. Во текот на оваа недела ќе воспоставиме надлежност над предметот „Маѓар Телеком“, предметот против Зоран Верушевски за пиштолот и предметот против Горан Верушевски. Утре до Советот на јавни обвинители ќе биде доставено барање за доставување на предметите со сите списи. Овие предмети произлегуваат од законот за СЈО и содржината на овие предмети се однесува на незаконското следење на комуникациите – рече Јанева.