ДОМ излегува од Владата, бара преодна влада и избори

0
1510

lile popovska

Преодна влада и избори се единствено решение за длабоката политичка криза, вели Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, во интервју за Утрински весник.

“Потесното партиско раководство, односно членовите на Извршниот одбор на ДОМ дискутираа за актуелната политичка ситуација и заклучивме дека состојбата станува преопасна за државата. Во тој контекст сметаме дека се неопходни политички потези со кои ќе се избегне поголема дестабилизација на земјата. Всушност, со одлуката за излегување на ДОМ од Владата, која секако треба да биде потврдена и на седница на Централниот одбор што ќе се одржи деновиве, сакаме да помогнеме во разрешувањето на длабоката политичка криза. Сметаме дека предвремени парламентарни избори би биле разумен вентил преку кој граѓаните слободно ќе можат да ја изразат својата волја“, вели Поповска.

Целото интервју на Утрински весник, ОВДЕ