ДОЛГА Е РАКАТА НА МАКЕДОНИЈА – ОТКАКО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ МУ ПОБЕГНАА НА ЛИДЕРОТ СЛАВИ ТРИФОНОВ ОД ПАРТИЈАТА ,,ИМА ТАКОВ НАРОД” ГИ НАРЕЧЕ КУПЕНИ И ПРЕДАВНИЦИ

0
767

Штотуку добив информација дека пратеници од „Има таков народ“ ќе ја напуштат нашата пратеничка група и ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев, потврди партискиот лидер Слави Трифонов.

„Најверојатно се купени со пари. Ќе се види на крајот кој каков е и што ќе биде. Нема потреба да бидам гатач за да знам дека Кирил и Асен во нивен стил ќе кажат многу лаги и измислици само за да ги оправдаат своите постапки и да ја смират својата грижа на совест. Но, предавството е предавство и никој не ги сака предавниците. Дури и оние кои имаат корист од нив“, напиша Трифонов на фејсбук.