ДОЛГА Е РАКАТА НА КАТИЦА И СЈО, СЕГА ЈА ЧЕШЛА И ПРИЛЕПСКА ПОШТА : Раководителот на прилепската пошта Златко Димоски ЈА СПРАШТИЛ ВО ПЕРТ АВСТРАЛИЈА, под изговор дека неговата ќерка добила стипендија но всушност ПОБЕГНАЛ ПОРАДИ ОБВИНЕНИЈАТА НА ОЈО ПРИЛЕП?!

0
4370

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп, до Основниот суд Прилеп пред извесно време поднесе обвинение против доскорешниот раководител на АД за поштенски сообраќај Македонска пошта Скопје во државна сопственост, Подружница-ЦРПС Прилеп Златко Димоски и против две службени лица-членови на Комисијата за утврдување на правото на исплата на додаток на плата-патни трошоци до и од работното место.

На обвинетите против кои се поднесени обвиненијата им се става на товар дека ги злоупотребиле средствата на АД Македонска пошта Скопје, неосновано утврдувајќи право на надоместок за себе и за други лица вработени во АД Македонска пошта Скопје, со што за себе и за други лица прибавиле значителна имотна корист.

Како што дознава редакцијата на ,,Народен Глас” доскорешниот раководител на прилепската пошта Златко Димоски токму поради овие сериозни обвиненија од страна на ОЈО Прилеп ја спраштил заедно со цело свое семејство во Перт Австралија, каде наводно неговата ќерка добила стипендија па ете токму затоа со целата негова фамилија тој се наоѓа таму и токму баш сега.

Нашите извори велат дека доскорешниот раководител на прилепска пошта Златко Димоски не е осомничен само поради неподмирени платни придонеси кон вработените во прилепската пошта туку тој е осомничен и поради предмет воден од страна на СЈО околу наводните донации на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за која истрага темелно ја чешлаат обвинители на СЈО и прилепската пошта.

Обвинението доаѓа откако во текот на месец март 2016. година прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски поднесе кривична пријава против истите лица, тогашниот раководител на прилепската подружница на Македонска пошта Златко Димоски и против двете други службени лица. Кривичната пријава беше поднесена поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривични дела „ Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Повреда на права од работен однос“ и кривичното дело „Измама во службата“.

Обвинетиот Димоски од пред скоро време е преместен во подружницата на АД Македонска пошта во Гевгелија, а на негово место е именуван струмичанецот Николчо Угринов.