ДОКТОРОТ Е ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ НА ДЕНОТ : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ОТИДЕ НА ,,СЛУЖБЕН ПАТ” ВО ПРИЛЕПСКОТО ИНФЕКТИВНО ОДДЕЛЕНИЕ

0
1247

Работам се што треба – и да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да прегледам“, вели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, волонтер на Инфективното одделение во прилепската болница.

Тој е единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил. Секое утро во 7 часот во скафандер, под маска и визир се упатува кон Инфективното одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Таму волонтира до 10 часот, потоа заминува кон општината каде го чекаат многубројни обврски. Кога обврските во општината ќе завршат, повторно го облекува скафандерот. Се враќа во болницата во 19 часот, каде волонтира уште неколку часа. Следниот ден – ист распоред, иста маршрута, и иста желба – да им помогне на болните од Ковид -19, да им помогне на лекарите, мединските сестри, техничари… Волонтирањето продолжува и во деновите од викендот.

Мора да се помогне

Вака, веќе 12 дена вака изгледа секојдневието на Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп, по професија лекар – специјалист ортопед. Кога на 11-ти ноември Јованоски најави дека ќе почне да волонтира, неговите сограѓани не беа изненадени, бидејќи во градот е познат лекар, хуманист, секогаш подготвен да помогне. Во разговор за ДВ, реномираниот ортопед објаснува кој бил пресудниот момент да „скрши нога“ и да се стави на располагање на Инфективното одделение во болницата.

Mazedonien Prilep | Krankenhaus Direktor | Dr. Ilija JovanoskiПрилепскиот градоначалник Илија Јованоски им помага на лекарите во болницата

„Како градоначалник на Прилеп и шеф на Општинскиот кризен штаб, јас и мојот тим постојано укажувавме на мерките за заштита, на неоходноста од носење маски, дистанца… Вложивме многу напори, одржавме многу прес -конференции, а гледам бројките растат и стануваат загрижувачки. Решив со личен пример најдиректно да се вклучам во битката против болеста. Лекар сум, знам во вакви времиња колку е важна и помошта за пациентите, и помошта за колегите. Не сакав да се наметнувам. Најпрво разговарав со директорот на болницата и со колегите од Инфективното одделение, и им ја понудив мојата помош, која со задоволство беше прифатена“, објаснува Јованоски.

Одлуката е вредна за почит, со оглед дека и самиот спаѓа во возрасна група која е поранлива на вирусот.

„Знам дека припаѓам на ризичната група од возраст над 60 години, каде е поголема можноста да добијам инфекција или да заболам. Но, тоа е пресметан ризик. Како општествено одговорен граѓанин и како лекар кој се обврзал на Хипократовата заклетва, решив да се ставам на располагање на моите колеги, од секој аспект. Се чувствувам здрав и сметам дека можам да издржам“, дециден е Јованоски.

Повеќе на Дојче Веле ОВДЕ