ДОКАЗ ДЕКА СМЕ ТОТАЛНА ДЕМОКРАТИЈА: ПЛУСИНФО СО НАЈМНОГУ РЕКЛАМИ ВО ЗЕМЈАВА ПА ДУРИ И ОД ДРЖАВНИ АГЕНЦИИ, УРЕДНИКОТ И ГАЗДА НА ПОРТАЛОТ ГО НАРЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЛАЖГО И ГО ПРАТИ НА ПСИХИЈАТАР!

0
1404

Геро денеска во колумна го нарече премиерот Заев лажго, кловн и го прати на психијатар.

Можете ли да замислете во Груевизмот да сте газда на портал и уредник на истиот и во колумна да го наречете Грујо лажов, кловн и да го пратите на психијатар?!?! Како ли ќе си поминал после тој газда на тој портал? Тужба за навреда? Сите спонзори ќе се разбегаа од страв дека власта т.е режимот ќе им се наљути и ќе им прави контроли и нема да им дава тендери и нема да им враќа ДДВ…

А сега? Никому ништо, на Геро никој не му замера, спонзори еден куп, а дури има банери и од владини агенции и кампањи за безбедност во сообраќај и слични други медиски акции каде прво за огласување се бара Плсуинфо, значи никој не му замера на Геро што веќе 4 години води лична војна со Заев и СДСМ, никој не му се лути, дури и самиот Геро призна дека Заев му се јавил пред неколку месеци и си пиеле кафе луѓето како ништо да не се случува на јавна сцена?!?!

Има ли поголем доказ дека живееме во тотална демократија?!?! Јасно ли ви е зошто имаме толкав раст на Фридом Хаус?!