ДОБРО ТРГНА НОВАТА ВЛАДА: ДОСУДЕН ПРИТВОР ЗА ОХРИДСКИОТ ШЕФ НА ДУИ НЕФИ ХУСЕИНИ И НЕГОВИОТ БРАТ

0
758

Oхридскиот суд одреди мерка притвор за советникот во општината, Нефи Усеини и неговиот брат. Двајцата се сомничат за делото насилство врз нивни сограѓанин, јави Сител.

Полицијата, вчера поднесе кривични пријави против нив, во врска со инцидент што се случил пред познат хотел во Охрид.

Според соопштението од СВР – Охрид, станува збор за Усеини и неговиот брат Ибраим (48), како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

Полицијата по наредба на Јавен обвинител извршила и претрес во домовите на двајцата осомничени, како и оти се спроведуваат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.